При каросериски оштетувања на вашето возило експертскиот тим на Новус веднаш ќе пристапи кон дефектажа и попис на сите оштетувања и делови и во најбрз рок(во зависност од спецификата на оштетувањата) ќе ви изготви понуда, ќе учествува во изготвување на комисискиот записник од осигурителните компании и како ваш партнер ќе ви ја предложи за вас најповолната опција на поправка и доведување на возилото во својата првобитната состојба. Без разлика дали се работи за мали или за големи штети.
Најсовремената технологија со помош на компјутерски машини за калибрирање Car-O-Tronic, од Car-O-liner-Шведскa, најпозната фирма за производство на бенч машини(машини за извлекување). Во компјутерскиот програм се наоѓаат алгоритмите на виталните точки на вашето возило. Потоа, користејќи ги овие точки, моќната хидраулична "рака" го извлекува возилото и ги враќа во првобитна положба оштетените места. Работи по сите 3 оски: X, Y и Z. Врвна технологија за ваша апсолутна безбедност.
За лакирање се користи современата компјутерска технологија. Се внесува шифрата на бојата на вашето возило која е впишана на плочката за боја на вашето возило се вчитува во специјална компјутерска програма, и потоа се добива идентична нијанса на боја според фабричката шифра и нијанса. Нема можност за грешка, бидејќи боите се од врвни светски производители.
И на крај, лакирањето се врши во најсовремена комора за термолакирање од фирмата од реномираниот бренд TERMOMECCANICA - Италија. Двете моќни турбини не дозволуваат да се створи "магла" или прашина во самата комора. Со тоа, ефектите се максимални. НОВУС Тимот е врвно едуцира и подготвен за секакви видови на оштетувања, нивното 30 годишно искуство ќе го забележите во изгледот на вашето возило
Материјалите што ги користиме од реномирани брендови производители :
- Sikkens
- PPG
- Glasurit
- Dupont
НОВУС Сервисот има договор со сите осигурителни компании во Р.М
За дополнителни информации 02/270.00.70 и 070/217-217