• ул. Борис Трајковски 4 бр. 29 б
  • 02 270 00 70; 072 700 070

Клима фолии

Клима фолии

  1.jpg 10.jpg 11.jpg 12.jpg 13.jpg 14.jpg 15.jpg 16.jpg 17.jpg 18.jpg 19.jpg 2.jpg 20.jpg 21.jpg 22.jpg 3.jpg 4.jpg 6.jpg 7.jpg 8.jpg 9.jpg folii1.jpg folii2.jpg folii3.jpg folii4.jpg folii5.jpg folii6.jpg folii7.jpg folii8.jpg

Грижата за Вашето возило е грижа за себе!

     Професионални клима фолии за вашиот автомобил

  - Нов и возбудлив изглед за вашиот автомобил

 -  Заштита од прекумерено изложување на сонце

     Според Светската здравствена организација (WHO). Сончевото зрачење не е веќе толку безопасно и пријатно како, да речеме пред 50 години? Зрачањето секој ден станува се поопасно.. Причина за тоа е оштетената озонска обвивка која е природен штит од штетните ултравиолетови (UV) зраци. Медицински е потврдено дека долготрајната изложеност на овие зраци, предизвикува рак на кожата, глауком и предвремена катаракта. Материјалната штета што ја предизвикуваат ултравиолетовите (UV) и инфрацрвените (IR) зраци е голема, трајно го оштетуваат и уништуваат енериерот на возилото.

Од безбедоносен аспект заштитните клима фолии ве заштитуваат од ненадејни кршења на стаклата од удар или при сообрaќајна незгода, недозволуваjќи му на стаклото да се распрсне на ситни парчиња и притоа да предизвика повреди на возачот и патниците. Тие се залепени со силен лепак за стаклото, а нивната ламинирана конструкција може да ве заштити дури и од експлозија. Тестирањата што се вршени, покажуваат дека комбинацијата на стакло со заштитна клима фолија е идеална за обезбедување на објекти како што се конзуларни претставништва, амбасади, банки и трговски центри. Ако сте сопственик на дуќан, менувачница или некој друг објект, ова е идеално решение за ефтина и сигурна заштита од провалници. Секако, приватниот имот, куќите, становите или викенд куќите можат исто така да се обезбедат со едноставна апликација на заштитни клима фолии.

           Објектите со поставени заштитни клима фолии добиваат нов архитектонски изглед и нов лик. Но, вистинскиот ефект го чувствувате кога престојувате внатре. Заштитени сте од штетните зрачења и прекумерното затоплување на просторијата. Со вградувањето на заштитни клима фолии брзо ќе ја увидите економската исплатливост, бидејќи клима уредите ќе работат редуцирано, а со тоа ќе заштедите електрична енергија.

           Одржувањето на заштитните клима фолии е исклучително едноставно. Изработени се од трајни материјали и се потполно отпорни на гребење, па стандардните методи на чистење и одржување се сосема безбедни.

         Заштитните клима фолии во Новус се грижливо избрани од страна на нашиот стручен тим на инжиниери, кои користејки го своето 30 годишно искуство се грижат да најновите техничко-технолошки достигнувања од областа на заштитата со заштитни клима фолии и секогаш да го добиете, доброто од најдоброто.

Заштитните клима фолии од нашата понуда се со следните карактеристики:

   • Специјално дизајнирани ламинирани метилизирани клима фолии

   • Висока Ултра Виолетова( UV 99%) и Инфра Црвена (IR 50-80%) заштита

   • Постојаност на бојата

   • Заштита против гребење

   • 7 заштитни слоеви за контрола на топлината

   • Титаниумски премази (во некои видови фолии)

   • Нијанси по избор

   • Висок степен на адхезија помеѓу стаклото и фолијата

Цените не зависат од степенот на затемнување туку од типот на возилото.

​За Hatchback возила клима фолии ( Haverkamp/Johnson) цена 100-120 евра за сите стакла без предната шофершајбна, фолија само за задното стакло цена 65-90 евра.

За Sedan возила клима фолии ( Haverkamp/Johnson) цена 120-140 евра за сите стакла без предна шофершајбна, фолија само за само задното стакло цена 85-100 евра.

За SUV/Karavan, monovolumen возила клима фолии ( Haverkamp/Johnson)

цена 130-140 евра за сите стакла без предната шофершајбна, фолија само за задното стакло цена 100-120 евра.

Производство

Haverkamp – Germany – 7 год гаранција

Johnson / ASWF – USA –10 год гаранција

BRUXAFOL – Germany – 10 год. гаранција

ДАЛИ Е ЛЕГАЛНО ЗАТЕМНУВАЊЕТО НА СТАКЛАТА ОД ВОЗИЛАТА ?

Според законот за возила, возилото може да има затемнети стакла само со А-тестирани фолии и тоа:

Предните стакла возачко и совозачкото до 30 % затемнетост (кумулативна).

Задниот дел неограничено затемнет, под услов да возилото има 2 ретровизора и до 70% доколку возилото има само лев ретровизор.

Закажување на термин

070/ 26.77.86

070/ 337-300

02/ 2 70.00. 70.

Работно време секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Сабота од 08,00 до 14,00 часот

Новус Трејд
ул. Борис Трајковски 4 бр. 29 б
(поранешна Провмајска ББ)
1000 Скопје, Македонија
info@novus.com.mk
+389 70 337 300 | +389  72 700 070
+389 2 3132 132 | +389  2 270 00 70



Следете не